А сега “уцена” и за Косово: Тешко до ЕУ ако нема заедница на српски општини, вели германската амбасада во земјата
Германската амбасада во Приштина соопшти дека е тешко да се постигне мнозинство во Советот на Европа се додека Владата на Косово го блокира формирањето на заедницата на српските општини, пренесува Коха.
„Германија и партнерите постојано нагласија дека разговорите за спроведување на Заедницата на српските општини треба да започнат сега, со цел формирање на заедницата, според релевантниот договор Косово-Србија од 2013 година, што е целосно во согласност со поставените граници од страна на Уставниот суд .
Понатамошното блокирање на формирањето на Асоцијацијата нема да му го олесни на Косово да го постигне потребното мнозинство за аплицирање за членство во Советот на Европа. Тоа ќе претставува и сериозна пречка во понатамошниот процес на пристапување во ЕУ. Кога станува збор за техничките детали, особено европските партнери можат да обезбедат многу експертиза кога станува збор за дизајнирање соодветни правни пристапи. Германија со задоволство ќе ги поддржи и ги сподели своите искуства во оваа област доколку тоа го сака“, се вели во одговорот на германската амбасада до Коха.
Од Министерството за надворешни работи на Косово, од официјалното поднесување на апликацијата на 12 мај, тврдат дека е обезбедено потребното мнозинство за членство.
На формирање на ЗСО, покрај Германија, инсистираа и САД. Пратеникот за Западен Балкан Габриел Ескобар предупреди дека доколку не се преземат активности од Косово, тогаш меѓународната заедница ќе ги преземе.
Аналитичарот Висар Имери оцени дека Владата треба да биде иницијатор во акциите за спроведување на Спогодбата за асоцијација.
„Ако чекаме да ни дојде документ од странство, се плашам дека може да дојде под итно и да не доведе во ситуација да не можеме да смениме ни запирка, а камоли дел од текстот. Затоа, подобро е да бидете поактивни и да го земете овој процес во свои раце“, рече Имери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…