Баба измамена за 10.000 евра

t

Вчера во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата.

Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баба измамена за 10.000 евра

Вчера во 13.45 часот во СВР Битола,…

Вонредно обраќање на Орбан: Ни претстојат два…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и се обрати…

ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради…

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска…

Комити откриваат: „Од Влада ни кажаа или…

Навивачката група „Комити“ организираше прес-конференција на која…

СДСМ: Кого лаже Изет Меџити, парите за…

Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух,…