Бавна правда: Супервештачењето за Ласкарци трае безмалку година дена!
Коалиција за правично судење објави дека Бирото за судски вештачењa 315 дена нема изработено супервештачење побарано од судот за расчистување на фактите за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи пред повеќе од три години.
Судот по барање на дел од обвинетите побара собраќајно супервештачење на 11-ти ноември лани по што процесот е во прекин речиси цела годиа, откако претходните две вештачења беа недоволни за судот да ги утвди фактите во несреќата.
Во законот нема определен рок за изработка, туку е предвидено тоа да се стори во најкус можен рок. Несреќата се случи пред повеќе од 3 и пол години (февруари 2019-та година) и досега нема никаква одговорност за жртвите.
Обвинет е и возачот кој ја преживеа несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска пресуда за несреќата кај „Ласкарци“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба…
Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Во Кривичен суд продолжува судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Продолжи судењето за Ласкарци
Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…
Ласкарци, Беса Транс, модуларната болница во Тетово,…
Животите на Албанците се безвредни за СДС…