Бака Прасе си ги продава луксузните автомобили со намалени цени: Причината е коцкарски долгови?
Српскиот Јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Инстаграм објави дека продава неколку автомобили. Тој нагласи дека е итно и дека цените се максимално спуштени.
На продажба ги ставил автомобилите Мерцедес Бенз АМГ, Ламборџини и Мерцедес кој неодамна и го подари на својата девојка Ања Благојевиќ.
Дали сето ова е вистина или некоја шега од негова страна, останува да видиме.
Имено, Јутјуберот неодамна на Инстаграм напиша дека не гледа излез од коцкарските долгови. „Зае*ав многу пари и влегов во многу долгови. Немам каде да ги земам парите и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зафркнав. Направив големо сра*е, не знам што да правам, је*ига се коцкам“, напиша Богдан, пренесува Блиц.рс.
Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот. На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…