Балтичките земји стравуваат: Може ние да бидеме следна цел на Москва
Германскиот канцелар, Олаф Шолц во вторникот изјави дека Германија е спремна да испрати повеќе војници во Литванија како одговор на балтичките земји.
Пред руската инвазија на Украина, Германија веќе го зголемила бројот на војници стационирани во Литванија од 550 на повеќе од 1000.
Балтичките земји стравуваат дека може да бидат следната цел на Москва во случај нејзината акција во Украина заврши успешно.
Од самиот почеток на војната, тие земји апелираа до НАТО за зголемување на бројот на војници на нивна територија.
-Подготвени сме да го зголемиме нашето учество и да го промениме во форма на силна борбена бригада која истовремено може да организира одвраќање и одбрана од агресија против Литванија, изјави Шолц во Вилнува на заедничката прес-конференција со балтичките лидери.
-За нас е исто така важно да разговараме како да реагираме на рускиот напад, правејќи се што можеме за да ја спречиме Русија да победи во војната, додаде тој.
-Мислам дека никој не се залажува за Русија денес. Треба да разбереме дека руската закан нема да исчезне, рече литванскиот претседател Гитанас Наузеда.
-Не може да има дијалог, соработка, помирување со оваа земја, која сè уште е фасцинирана од нејзините империјални амбиции, додаде тој
-Мораме да му дадеме одговор на агресорот, дека НАТО не само што е подготвен, туку и способен да ја брани секоја педа од својата територија, изјави естонската премиерка Каја Калас.
Самитот на НАТО е закажан на 29 и 30 јуни во Мадрид, Шпанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…