Бараме правично, транспарентно и навремено судење, порачаа семејствата на загинатите

t

Она што го бараме не е услуга и привилегија туку обврска на државата, правично, транспарентно и навремено судење, побараа денес пред Кривичниот суд семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.

– Нашите најмили не се меѓу нас, но ние сме нивниот глас. Бараме судење без одлагање, без притисоци, без прикривање на докази, без селективност, да се утврди секоја одговорност колку и да е непријатна.

Премногу семејства живеат со оваа болка, бараме правда и вистина, не сожалување, бараме одговорност.

Одлучите кои ќе ги донесете во овој процес не се само правни, туку човечки, морални и историски, зад секое име во оваа трагедија стои најмило кое никогаш нема да се врати, порачаа семејствата на загинатите.

– Ние родителите и семејствата на 63 животи што згаснаа и на уште 300 што беа повредени денес го креваме гласот за правда за нашите деца.

Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, бараме овој процес да биде транспарентен, непристрасен и правичен, тоа им го должиме не само на нашите деца, туку и на целото општество, порачаа семејствата на загинатите.

Нема да дозволиме позицијата, влијанието, или политичката моќ да бидат штит за неказнивост, велат семејствата на загинатите кои истакнаа дека во обвинителниот акт се спомнуваат министри, градоначалници, разни функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Правда за Кочани: Повеќе од…

На денешниот „Марш за ангелите“ во Скопје,…

Сопругата на Андреј од ДНК низ солзи:…

Денес зборуваме како луѓе кои загубија нешто…

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје во…

Денеска, 15 ноември, во Скопје ќе се…

„Супорт Кочани“ ја подели четвртата пратка компресивна…

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ продолжува со поддршката…