Барди: Враќањето на Пандев многу ни значи, и во новата улога ќе ни биде од голема помош!
Со скоро ист тим од последното издание на Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација ќе почне уште еден циклус на мундијалски квалификации. Гостувањето во Лихтенштајн не е најтешкото можно во овој момент, но избраниците на Милевски знаат дека само со правилен пристап се добиваат вакви натпревари на лесен начин.
Капитенот Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на „рисовите“.
„Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме.
Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот, ве уверувам во тоа“, рече нашиот капитен.
Потоа Барди зборуваше и за значајот со враќањето на Горан Пандев во нова улога во националната репрезентација.
„Цело време сме во контакт со Горан Пандев, многу ми помагаше цело ова време. Тој е голем човек, беше голем фудбалер и многу ќе ни помогне. Знае фудбал, знае да менаџира работи околу тимот и ќе ни биде од голема помош“, заврши Барди.
Украинецот Микола Балакин ќе го води натпреварот, а ќе му помагаат Виктор Маташ и Олкександр Беркут.
Извор: ГОЛ.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…