Барди доби врамен дрес по повод јубилејниот 50-ти настап за националниот дрес
Пресметката против Бугарија од последното коло на Лигата на нациите, е мал јубилеј за денешниот капитен Енис Барди. Во отсуство на Стефан Ристовски, капитенската лента се најде на раката на фудбалерот на Трабзонспорт.
Поради тоа, Фудбалската федерација на Македонија реши да го испочитува играчот за врска. Барди доби врамен дрес со бројот 50, во чест на педесеттиот настап за националниот тим. 27-годишникот дебитираше за Македонија на 27 март 2015 година, досега даде 11 погодоци и запиша шест асистенции.
Токму Енис Барди е еден од носителите на играта на оваа генерација на Македонија, па така се очекува да биде и на пресметката со Бугарија. Избраниците на Благоја Милевски играат за престиж против соседите, за подобар пласман во групата.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…