Објавено на:

Барди: Нема потреба да одиме во Катар ако ја победиме Португалија, дајте го златниот пехар и остануваме во Македонија

t

Фудбалска Македонија стана светски хит откако во Палермо ја порази Италија со 0-1. Александар Трајковски во судиското продолжение ја донесе големата победа на „црвено-жолтите“, па сонот да се биде дел од најголемиот светски собир дојде на чекор до остварување.

Во пресрет на финалниот бараж меч со Португалија, Енис Барди, еден од клучните фудбалери во македонскиот состав, испрати јасна порака – ако победиме веднаш нека ни ја дадат светската титула.

„Можеби немавме среќа на ждрепката кога паднавме во најтешката група, ама ние сме горд тим, кој верува во сѐ што прави. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега ни доаѓа Португалија, исто така на нивен терен и знаеме дека ќе биде тешко, ама мора да веруваме дека можеме. Фудбал се игра 90 минути, сѐ може да се случи… Така да, ако ја победиме Португалија, нека ни го дадат пехарот и ќе си одиме дома. Нема потреба да патуваме во Катар, ќе си седиме во Македонија“, изјави на шега Барди после епската победа над Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…