Бачкиот епископ Иринеј: МПЦ-ОА де факто сè уште не е автокефална црква

t

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање.

СПЦ смета дека иако се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА таа се уште дефакто не е автокефална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.

Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…

И СПЦ во градежништво, гради и продава…

Српската православна црква е инвеститор во станбено-деловен…

СПЦ: Утре наутро молитви во Хиландар за…

Хиландарскиот игумен Методиј со монасите ќе се…

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…