Бајден бара дипломатија дури НАТО распоредува четири дополнителни борбени групи во источна Европа
Додека американскиот претседател Џо Бајден синоќа порача дека треба да ѝ се даде секоја шанса на дипломатијата да успее во разрешувањето на украинската криза, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, денеска ќе дискутираат за распоредување на 4 дополнителни борбени групи на Алијансата во југоисточна Европа. Ваквата најава повеќе од сигурно е дека ќе ја разлути Москва, дополнително што вчера руското министерство за одбрана соопшти дека дел од единиците започнале да се повлекуваат, и најмногу затоа што едно од главните барање на Русија е намалување на НАТО присуството во Источна Европа. Но генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ порача на Москва дека агресијата води до повеќе агресија.
„ЗНАЧИ, АКО ЦЕЛТА НА РУСКИТЕ АГРЕСИВНИ ПОСТАПКИ Е ДА ГО НАМАЛАТ НАТО ПРИСУСТВОТО ВО БЛИЗИНА НА НИВНИТЕ ГРАНИЦИ, ГО ДОБИЈА ТОКМУ СПРОТИВНОТО. ДОБИЈА ПОГОЛЕМО НАТО ПРИСУСТВО, А ТОКМУ ТАКОВ Е СЛУЧАЈОТ СЕГА. ГО ЗГОЛЕМИВМЕ НАШЕТО ПРИСУСТВО ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА АЛИЈАНСАТА КАКО ДИРЕКТЕН ОДГОВОР НА РУСКОТО ВОЕНО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО, И ОКОЛУ УКРАИНА.“ – ИЗЈАВИ ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ – ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО.
Четирите борбени групи кои се спомнуваат меѓу министрите во НАТО седиштето во Брисел, би биле распоредени во Бугарија, Романија, и евентуално во Словачка и Унгарија. Но, нејасно е дали унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој пред неколку недели беше во самоиницијативна мировна мисија во Москва, би се согласил на таков чекор, кој повеќе од сигурно е дека ќе го налути Путин. НАТО веќе има 4 борбени групи во Источна Европа, составени од оклопни единици, противвоздушна одбрана и разузнавачки елементи, кои ротираат на терен уште од 2014 година, и нивното распоредување беше резултат на руската анексија на Крим.
Синоќа, американскиот претседател, предупреди дека иако западните сојузници работат на дипломатско решение, сепак се подготвени едногласно да одговорат на нова агресија.
„ЗАПАДОТ Е ОБЕДИНЕТ И ПОДГОТВЕН. ДЕНЕСКА, НАШИТЕ НАТО СОЈУЗНИЦИ И АЛИЈАНСАТА КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА СЕ ОБЕДИНЕТИ И ОДЛУЧНИ. И ИЗВОРОТ НА НАШАТА НЕСКРШЛИВА СИЛА ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ МОЌТА, ИЗДРЖЛИВОСТА И УНИВЕРЗАЛНАТА ПРИВЛЕЧНОСТ НА НАШИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ.“ – РЕЧЕ АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЏО БАЈДЕН.
Путин вчера порача дека Русија не сака да започне војна за Украина, но во исто време ја обвини Алијансата дека не понудила конструктивен одговор ниту на една од основните безбедносни забелешки на Москва и побара веднаш да му се стави крај на прашањето за евентуално украинско членство во НАТО. Германскиот канцелар Шолц, кој вчера му беше гостин во Москва, тврдепе дека тоа прашање не е на агендата на Алијансата, и нема да биде во догледна иднина.
Министрите се загрижени дека најголемиот дел од руските војници ќе останат стационирани во близина на украинската граница, како средство за вршење притисок врз Киев и Западот. Затоа, прашањето денеска пред нив во Брисел е дали распоредувањето дополнителни воени единици во Источна Европа ќе биде доволно, или потребен е поголем политички и економски притисок врз Москва, надвор од одговорностите и способноста на Алијансата. – Пишува Игор Трајков за Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…