Бајден го поздрави “отворањето на преговорите” со Македонија и Албанија
Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден.
-Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија, изјави Бајден.
Американскиот претседател е на ставот дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер се додека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.
-Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии, додава Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…