Објавено на:

Бајден го посоветува Пригожин да внимава што јаде

t

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, можеби е во опасност бидејќи минатиот месец се обиде да крене бунт во Русија.

„Би внимавал што јадам. Би обрнал внимание на менито“, рече Бајден на прес-конференција во Хелсинки.

Блумберг наведува дека шегата на Бајден алудира на, како што се истакнува, „тоа дека руските безбедносни служби користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.

Бајден кажа дека светските лидери на самитот на НАТО во Вилнус разговарале за тоа дека не знаат каде е моменталната локација на Пригожин и како бунтот може да влијае на руските операции во Украина и на иднината на групата „Вагнер“.

По бунтот и договорот со белорускиот претседател Александар Лукашенко, шефот на „Вагнер“ замина за Белорусија, но Кремљ неделава соопшти дека Путин, пет дена по бунтот, што се крена на 24 јуни, одржал тричасовен состанок со Пригожин и другите команданти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…