Бајден го потпиша одбранбениот нацрт-буџет: Украина ќе добие 800 милиони долари!
Американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша нацрт-буџетот за одбраната за новата фискална година во износ од 886,3 милијарди долари, соопшти Белата куќа. Нацртот претходно беше одобрен од двата дома на американскиот Конгрес.
Во буџетот е предвидено дека за Украина ќе бидат издвоени 800 милиони долари, но и дека ќе се заостри контролата врз трошењето на овие средства од Киев.
14,7 милијарди долари ќе бидат наменети за спроведување на задачите насочени кон задржување на Кина, како и интензивирање на помошта за Тајван, обука на војници, како и зголемување на обемот и зачестеноста на одржување на воени вежби во индо-пацифичкиот регион.
Буџетот за одбрана за фискалната 2024 година, која започнува на 1 октомври, е 28 милијарди долари повисок од претходната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…