Бајден го предупреди Џипинг: Бидете внимателни, Кина зависи од Западот!
Американскиот претседател Џозеф Бајден го советуваше кинескиот претседател Си Џинпинг, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, да биде внимателен со оглед на зависноста на Кина од западните инвестиции.
„Реков, ова не е закана, ова е набљудување“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.
Бајден рече дека од почетокот на војната во Украина, 600 американски корпорации ја напуштиле Русија и дека кинеската економија во моментов е уште позависна од Западот отколку руската економија.
„Бидете внимателни“, заклучи Бајден.
Претседателот на Кина од 20 до 22 март ја посети Москва на покана на Путин.
Лидерите на двете земји разговараа за прашања за натамошен развој на билатералната соработка.
Посетата на кинескиот лидер на Русија беше негова прва посета во странство откако беше реизбран за претседател на земјата по трет мандат.
За време на посетата беше потпишана заедничка изјава за развој на руско-кинеската економска соработка до 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…
Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…
Бајден повторно фатен како чита одговори на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…
Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…
Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…