Објавено на:

Бајден: Да ја заштитиме Украина од „месарот Путин“

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го спомна во говор рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна Каролина.
Бајден ја даде изјавата во контекст на зголемувањето на даноците за богатите со цел да се распредели помош за Украина.


„Замислете што можеме да направиме со ова (приходи од зголемените даноци на богатите). Имаме толку многу што можеме да направиме, вклучително и да се погрижиме да ја заштитиме Украина од месарот Путин“, нагласи шефот на Белата куќа.


Претходно американскиот претседател претходно го нарече Путин„убиец“.
Путин, коментирајќи ги овие зборови, му посака здравје на Бајден и истакна дека оценувањето на другите луѓе е исто како и гледањето во огледало.
По почетокот на Специјалната воена операција во Украина, Бајден јавно го нарече Путин „диктатор“, „касап“, „воен злосторник“ и нагласи дека „не може да остане на власт“.
Коментирајќи ги претходните слични изјави на Бајден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека тоа е неприфатлива и непростлива реторика на шефот на државата чии бомби убиле стотици илјади луѓе ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…