Објавено на:

Бајден денеска гласа на изборите во САД

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека денеска ќе излезе на рано гласање на претседателските избори, соопшти Белата куќа.

Изборните прописи во САД им дозволуваат на многу Американци да гласаат однапред, пред денот на изборите, 5 ноември.

На почетокот на оваа година Бајден одлучи да се повлече од претседателската трка и ја препушти кандидатурата на Демократската партија на потпретседателката на САД Камала Харис, која сега се натпреварува со републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Последните анкети покажуваат дека Трамп и Харис водат многу неизвесна изборна трка, особено во седум сојузни држави, од кои Пенсилванија се смета за најважна.

Седум дена пред претседателските избори во САД, најмногу внимание е насочено кон резултатите во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Аризона, Северна Каролина и Невада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…