Објавено на:

Бајден дома чувал доверливи документи: Не се знае кој влегол и излегол од куќата!

t

Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција.

Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом вчера побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во Вилмингтон, откако биле пронајдени доверливи документи во неговата канцеларија и гаража.

Американското Министерство за правда на 13 јануари објави дека ќе именува специјален обвинител, кој ќе ја надгледува истрагата за т.н. Документите на Бајден.

Доверливи документи беа пронајдени минатата недела и во поранешната потпретседателска резиденција на Бајден и во канцеларијата што тој ја користеше во Вашингтон.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…