Објавено на:

Бајден за пукањето во ЛГБТ клуб во Колорадо: Нема да толерираме омраза!

t

„Омразата не може и не смее да биде толерирана”, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица.

„Не можеме и не смееме да толерираме омраза”, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза”.

Тој потсети дека на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении”.

„Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за јуришно оружје, за да го повлечеме од американските улици”, рече Бајден.

Пет лица загинаа, а 18 беа повредени во саботната пукотница во геј-клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо.

Осомничениот е во притвор, изјави за новинарите полициската службеничка, Памела Кастро.

„Клуб Кју” е ноќен клуб за геј и лезби возрасни, со тематски вечерни забави како караоке и „дрег” настапи и забави со ди-џеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победа на Трамп: Врховниот суд на САД…

Врховниот суд на САД пресуди во корист…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…