Објавено на:

Бајден исплашен: Ги повика Американците да ја напуштат Украина

t

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина и порача дека нема да испрати војници да ги спасат кога ќе побегнат од земјата, во случај на воена акција на Русија.

„Не е како да имаме работа со терористичка организација. Овде си имаме работа со една од најсилните армии во светот. „Работите би можеле брзо да излезат од контрола“, изјави Бајден за NBC News.

Запрашан од новинарите кое сценарио би можело да го принуди да испрати војници за да ги спасат Американците кои бегаат од Украина, Џо Бајден рече:

“Не постои. „Светска војна е кога Американците и Русите почнуваат да пукаат еден во друг.
Претходно американскиот Стејт департмент ги повика Американците да не патуваат во Украина, но и веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемена опасност од воените дејствија на Русија“.

Се наведува и дека Американците кои се во Украина треба веднаш да ја напуштат земјата, комерцијално или сами, а им било предложено да заминат во соседните земји, како Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…