Објавено на:

БАЈДЕН: Неизбежно е САД да влезат во рецесија, Американците се многу депресивни поради пандемијата но имаме причини за оптимизам

t

Рецесијата во САД не е неизбежна и има причини за оптимизам, истакна денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Тој коментираше предупредувања на економисти за можен пат на САД кон рецесија.

Според Бајден, американскиот народ е многу, многу депресивен по две бурни години со пандемијата од Ковид-19, економската нестабилност и најновиот раст на цените на горивото што го погодува буџетот на семејствата.

Како што тврди Бајден, потребата за менталното здравје во САД е огромна, бидејќи сè на што луѓето сметаа, се наруши и пропадна. Но, најголем дел е последица на кризата со Ковид-19, смета претседателот.

Неговата оценка е дека има причина за оптимизам. Тој е уверен оти САД се подобро позиционирани од која било земја на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…