Бајден повторно се зakaнува: Русија ќе плати висока цена, САД веќе се подготвени за реакција
Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили во Украина ќе се смета за инвазија.
Бајден на прес-конференцијата посочи дека Русија ќе плати висока цена во случај на руска инвазија на Украина и дека САД подготвиле пакет санкции кои ќе им бидат воведени доколку тоа се случи, пренесува „Ројтерс“.
Руските власти претходно денеска соопштија дека предупредувањето на претседателот Бајден за можни разорни последици доколку Русија се пресели во Украина нема да помогне да се намалат тензиите, туку може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата.
Запрашан да ја коментира изјавата на Бајден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Русија добивала слични предупредувања повеќе од еден месец.
„Сметаме дека тие на никаков начин не придонесуваат за намалување на тензијата што сега е подигната во Европа, а уште повеќе, можат да доведат до дестабилизација на ситуацијата“, рече Песков.
Западот ја обвинува Русија дека подготвува напад врз Украина и дека фактот што Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите на Украина, што Русија силно ги отфрла како неосновани и опасни обвинувања и нагласува дека ги преместува воените сили на своја територија во согласност со Уставот и дека Западот сето тоа го користи како изговор за натамошно проширување на Исток.
Затоа рускиот претседател Владимир Путин побара писмени, правно обврзувачки, гаранции од Западот дека нема дополнително да се шири кон руските граници и дека нема да распореди оружје во тој дел од Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…