Објавено на:

Бајден: Поддршката за Украина е обврска за светот

t

Американскиот претседател Џо Бајден, на денешната прес-конфренција, потврди дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс” во Украина. Тој соопшти дека утрово разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони за поддршката за Украина.

„Денеска објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат 31 тенк Абрамс во Украина, што е еквивалент на еден украински баталјон, рече тој. – Државниот секретар Лојд Остин го препорача овој чекор бидејќи со тоа ќе се зајакне капацитетот на Украина да ја брани својата територија и да постигне стратешки цели“, рече американскиот претседател.

Бајден посочи дека тенковите Абрамс се најспособните тенкови во светот и тие се, исто така, исклучително сложени за ракување и одржување. – Значи, на Украина и ги даваме деловите и опремата неопходни за ефикасно одржување на овие тенкови на бојното поле.

Тој вели дека за испорака на овие тенкови „ќе биде потребно време”, но САД ќе се погрижат украинските трупи да бидат „целосно подготвени” да управуваат со тенковите.

„Поддршката на способноста на Украина да се бори против руската агресија, да го брани својот суверенитет и територијален интегритет е обврска на светот“, додава тој.

Претходно и Белата куќа соопшти дека ќе испрати „Абрамс” во Украина, а САД ќе обезбедат и соодветна обука и делови неопходни за оперативност на тенковите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…