Бајден потпиша: 200 милиони долари за Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави на средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски дека потпишал указ за доделување нов пакет помош за Украина во вредност од 200 милиони долари, пренесе Ројтерс.
„Бајден на средбата со Зеленски изјавил дека го потпишал указот за доделување 200 милиони долари“, наведува агенцијата.
Истовремено, Бајден изјави дека „американскиот Конгрес треба да се договори за доделување дополнителни средства“ за поддршка на Киев.
Во вторникот во Вашингтон, Зеленски веќе се сретна со сенатори и разговараше со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, по што отиде во Белата куќа на средба со Бајден.
Посетата на Зеленски на главниот град на САД дојде откако републиканците во Сенатот го блокираа разгледувањето на барањето на Белата куќа за доделување средства за Украина, Израел и други потреби. Претставничкиот дом, исто така, не брза да го одобри соодветниот документ. Републиканците бараат промени во пристапот кон безбедноста на границите, додека Белата куќа предупреди дека остануваат уште неколку недели, по што ќе се исцрпат можностите да и се помогне на Украина, а нема гаранции за дополнителна поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…
Трамп ѝ порача на нафтената индустрија да…
Доналд Трамп, во свој стил и со…