Објавено на:

Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од кога било

t

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека договор за прекин на огнот во Газа е „поблиску од кога било, но сè уште не е постигнат“, Преговорите се очекува да продолжат следната недела.

-Да не кажам голем збор, но веќе има нешто конкретно. Сепак, сè уште не е конечно, истакна Бајден пред новинарите.

Многу сме поблиску до прекинот на огнот во Газа отколку што бевме пред три дена. Стискајте палци, додаде тој.

Претходно денеска, во заедничкото соопштение на Египет, Катар и САД беше наведено дека Соединетите Американски Држави претставиле нов предлог за прекин на огнот во Газа, со кој се отстрануваат преостанатите разлики во позициите. Во него се посочува дека високи претставници од земјите посредници ќе се состанат следната недела за да работат на финализирање на договорот.

Посредниците го опишуваат новиот документ како „предлог за премостување“, што укажува дека остануваат празнини, иако велат дека има некои нови „области на договор“ меѓу страните, пренесува Тајмс оф Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски вели: Украина ги зајакна своите позиции…

Коментарите на украинскиот претседател доаѓаат откако портпаролката…

Бајден: Примирјето во Газа е поблиску од…

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека…

Британците сакаат назад во ЕУ

Повеќе од половина од граѓаните на Велика…

Египет бара прекин на огнот во Газа…

Египет повика на прекин на огнот во…

(Видео) Комитите го размрдаа Скопје – да…

Навивачите на Вардар, полуларните Комити продолжуваат да…