Објавено на:

Бајден стравува: Некои НАТО членки се исплашени од Путин, може да ја извисат Америка

t

Џо Бајден стравува дека неговиот план да распореди дури 8.500 војници во Источна Европа може да биде блокиран од земјите на НАТО кои не сакаат да го разбеснат Владимир Путин.

Американскиот претседател сака да распореди американски сили во соседните земји на Украина како дел од силите на НАТО за да ја одврати натамошната агресија од Путин.

Но, тој е загрижен дека потегот може да биде блокиран од земјите-членки кои се плашат да бидат домаќини на војниците и да го разбеснат Путин, или од земји како Германија кои се потпираат на Русија за 50 отсто од нивниот гас.
Една членка на НАТО може да стави вето на планот.

Бајден го задржа правото да дејствува еднострано или билатерално со силна подршка од Обединетото Кралство.

Тој стави 8.500 американски војници на готовс, но вчера посочи дека размислува да распореди само 1.000 како дел од силите на НАТО.

Тој ќе разговараше со украинскиот претседател Зеленски во четврток попладне и ќе го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц во Белата куќа следниот месец, додека Европа е се поблиску до војна.

Пентагон оваа недела соопшти дека трупите, доколку бидат распоредени, тоа ќе го сторат во рамките на Силите за одговор на Северноатлантскиот договор (НАТО).

„Вашингтон пост“ забележува дека логистички за распоредување на американските трупи, врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал-полковник Тод Волтерс, ќе мора да го искористи НАТО за да побара движење за какво било распоредување.

„Има многу верба дека на крајот на денот, ако врховниот командант на сојузничките сили одлучи да ги повика силите за одговор на НАТО, многу нации од Северноатлантскиот совет веќе ќе бидат “на бродот“, изјави еден претставник на одбраната за Пост.

„Доколку дојде повикот, јас сум прилично уверен дека тие ќе можат да донесат одлука многу брзо.”

Земјите кои не сакаат таму да бидат сместени американски војници би можеле да ги блокираат идните потези на Бајден бидејќи некои земји членки на НАТО, како Франција, Германија, Унгарија и Турција, сакаат да развијат поблиски врски со Москва.

Во текот на викендот се појавија извештаи дека претседателот размислува да испрати до 50.000 војници во регионот доколку Русија изврши инвазија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…