Бајдeн e пpвиот пpетседател нa СAД, кoј поcетил детcка бoлница нa Бaдник
Џо Бајден е првиот американски претседател кој на Бадник ги посетил децата во болница во Вашингтон, заедно со сопругата Џил Бајден, кои поради здравствената состојба не можеле да си одат дома за празниците.
Иако одамна е традиција првата дама на САД да ја посетува Детската национална болница за време на божиќните празници, доаѓањето на Бајден било изненадување, посочува АП.
Бајден одлучил на децата да им ја прочита книгата „Ноќта на Олаф пред Божиќ“, пренесува Daily Mail.
Пред читањето, Џозеф и Џил Бајден разговарале со малите пациенти и нивните родители.
Традицијата првата дама на САД да им чита приказни на пациентите во болница за време на Божиќ датира од времето кога прва дама била Бес Труман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…
Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…
Пример за човештво! Муфтијата кој на Бадник…
На денешен ден, пред 83 години, во…
Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи,…
Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ,…
Koе e значењето на бадниковата паричка?
Бадник, кој се прославува ден пред Божиќ,…
Денес е Бадник – Да се помолиме…
Бадник или Коледе — денот пред роденденот…