БГНЕС: Целото семејство на Божиновска имаат активни бугарски пасоши!

t

Таткото Перо, мајката Виолета и братот Даниел, како и самата Божиновска маат бугарски пасош и се бугарски државјани, велат за БГНЕС извори од Министерството за правда на Бугарија.

За да го добијат документот, тие ги докажале своите бугарски корени и ја декларирале својата бугарска самосвест, наведуваат од БГНЕС.

Божиновска неколку пати нагласи дека не е бугарска државјанка. Министерката во кабинетот на Христијан Мицкоски во септември годинава поднела барање за откажување од државјанството, но бугарската држава се уште не дала указ за ослободување од државјанство.

Поднесувањето барање за ослободување од бугарско државјанство НЕ води до автоматско завршување на постапката. Тоа се прави преку посебен декрет и важи и за сегашните бугарски државјани родени во странство и за Бугарите кои се родени на територијата на Бугарија.

За конкретното лице (Божиновска) до денес не е издаден указ за ослободување од државјанство. Издавањето на таков се врши по темелна проверка за секаков вид на обврски на барателот. Потврдата, вклучително и данокот и имотот, се однесува на сите земји каде што престојувало лицето. Надлежните институции проверуваат и за можни кривични постапки.

Доколку на Божиновска и треба правна или друга помош, може да се обрати до бугарската амбасада во Скопје, која е должна да и пружи помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанците од Mакедонија и Kосово полесно ќе…

„Граѓаните на Косово и Македонија, каде што…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци…

Бразил планира да воведе „хуманитарен пасош“ за…

Дали го користеле македонскиот пасош: Интерпол издаде…

На потерница издадена од српското МВР за…

Митовски за ckaндалот со пасошите: Не може…

Коментирајќи го еден од најголемите, ако не…