Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, случаен минувач го однел в болница

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, појаснија од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина сопственикот на опожарениата куќа во Велес
Eден маж загина во пожарот што вчеравечер…
Пронајден мртов маж во возило на градски…
Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера…
УЖАС! 12-ГОДИШЕН УЧЕНИК ЗА ВЛАКНО НЕ УБИЛ…
Ученик нападнал и тешко повредил соученик во…
Левица Велес: Еколошки холокауст, умира Езерото Младост
Еколошки холокауст и претсмртна агонија му се…
Утре ден на жалост во Велес поради…
На денешната редовна 55. седница, Советот на…