Бебе загина во ракетен напад во Запорожје
Руските сили денеска продолжија со ракетните напади врз Киев, Миколаев и Дњепропетровск. Едно новороденче е убиено во нападот на породилиштето во Запорожје. Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа затемнување во половина Молдавија, изјави вицепремиерот Андреј Спину.
Гувернерот на областа Запорожје, Александар Старук, на својот канал Телеграм ја објави веста за вечерашното гранатирање на породилиштето Вилнијанска кај Запорожје. Во нападот е убиено и новороденче.
„Посебно внимание треба да се посвети на санкциите кои ја забавуваат и запираат ракетната индустрија на Руската Федерација. Затоа, способноста на Русија да произведува нови ракети мора да биде уништена“, изјави Дмитро Кулеба, украински министер за надворешни работи.
Според украинските тврдења, во нападот на Киев биле погодени витални инфраструктурни објекти и станбени згради. Загинаа три лица, меѓу кои и една 17-годишна девојка.
Во последниве недели, Русија ги засили нападите врз електричната мрежа на Украина, оставајќи милиони луѓе без струја, а соседна Молдавија исто така е без струја.
Украинскиот претседател ја обвини Русија дека носи „терор и убиства“ во неговата земја.
„Продолжуваме да отвораме центри за непобедливост низ државата. До денес ги има 4.000. Во нив ќе бидат обезбедени сите основни потреби – струја, телефонски услуги, интернет, парно, вода, прва помош и лекови“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Со денови Русија и Украина разменуваат обвинувања за гранатирање на областа околу најголемата нуклеарна централа во Европа. Енергетските единици на три украински нуклеарни централи беа затворени во средата по руските ракетни напади низ земјата.Европскиот парламент денеска ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.
„Постојано слушаме една лага од руска страна: дека руската армија спроведува операции насочени само кон воени објекти. Во реалноста, поразени на бојното поле, тие сè повеќе гаѓаат цивилни објекти во обид да го исплашат украинското општество“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.
Во гласањето, кое има пред се симболично и морално значење, пратениците на Европскиот парламент заклучија дека руските воени напади врз цивилни цели како што се енергетската инфраструктура, болниците, училиштата и засолништата го прекршуваат меѓународното право.
Во тој контекст, тие ја сметаат Русија за држава спонзор на тероризмот и држава „која користи нелегални средства“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса
Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…
Три лица загинаа во руски напади во…
Три лица загинаа во руски бомбашки напади…
Приведена 19-годишна мајка која го оставила своето…
На територија на Карпош била пронајдена напуштена…
Тешко повредено бебе во градинка во Скопје
Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека…
ЕУ не ги признава руските избори во…
Европската Унија остро го осудува одржувањето на…