Бебе почина од коронавирус во Скопје

t

ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022.

Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…