Објавено на:

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

t

Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се роди женско бебе. Несекојдневното породување се одвивало во движење, само неколку минути по полноќ, а медицинскиот тим успешно го спровел процесот безбедно и професионално.

Д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, го сподели искуството на социјалните мрежи, нагласувајќи дека девојчето е родено здраво и силно, и дека мајката се чувствува добро.

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. „Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.“

Тој истакна дека породувањето се одвивало без родилна сала, но со целосна посветеност и координација од страна на тимот, со што уште еднаш се потврдува важноста на итната медицинска помош во клучни моменти.

Мајката и бебето се во стабилна и добра здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе се роди во амбулантно возило на…

Во раните утрински часови, на пат кон…

„Е*и го Џорџ Клуни и сите околу…

Во интервјуа објавени една година откако Џо…

Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за…

Претседателството на Генералниот совет на Демократската унија…

Трагедија: Македонски државјанин се удави во близина…

Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во…

Романија ќе купи израелски системи за воздушна…

Романија потпиша рамковен договор за купување израелски…