Бев политичар и молчев кога требаше да вриштам: Сега секој пат кога го стискам воланот на колата, ми се тресат рацете, не од умор, туку од страв, од вина, од гнев

Секој пат кога го стискам воланот на колата, ми се тресат рацете. Не од умор, туку од страв. Од вина. Од гнев. Не можам веќе ни да ги бројам патите до Скопје. Секој ден, истата рута. Јас, мојата сопруга, и болката што патува со нас.
Таа седи до мене, потпрена на моето рамо со перика на главата. Со поглед што некогаш светеше, а сега само молчи. Прима хемотерапија. Во Онкологија. Ја држам за рака кога може. А кога не може – ја држам во мислите, силно, ко да можам да ѝ го извадам ракот со сила, со љубов… со каење.
А знаеш што ме убива најмногу?
Што имав можност.
Бев политичар. Бев таму каде што се кројат судбини, каде што еден збор може да значи чист воздух, здрава вода, живот. И молчев. Молчев, кога требаше да вриштам! Гласав за тишина, за мир во партија, за функција, за лага. А вистината ме стигна.
Сега не ја плаќам само јас цената. Ја плаќа таа. Ја плаќаме сите.
И кога ќе го видам синот како нè гледа со тие големи, збунети очи, не можам да дишам. Се прашувам – дали и него ќе го возам еден ден по истиот пат? Дали ќе носи перика некој што го сакам повторно? Дали и него ќе го снема полека, поради воздухот што му го украдов?
Пекол е ова. Пекол што сам си го направив. Со свои раце. Со своето молчење. Со својата калкулација.
„Тато, ќе оздрави мама?“
Ми го постави прашањето вчера. И срцето ми се распадна на милион парчиња.
Ако има небо – гледај не, Боже. Затоа што ова овде долу – ова не е живот. Ова е пекол направен од луѓе што имале шанса. Како мене. И ја фрлиле.
Поздрав до сите битолски политичари.
НЕ ЗА ДЕПОНИЈА
НЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ОНКОЛОГИЈА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бев политичар и молчев кога требаше да…
Секој пат кога го стискам воланот на…
Синдикатот на култура излегува на протести!
Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…
Се судриле автомобил и комбе во Тафталиџе,…
Автомобил и комбе учествувале во сообраќајна несреќа…
Најмалку 44 загинати и над 160 повредени…
Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од…
Телохранителот на Рубио приведен во Брисел, физички…
Телохранителот на американскиот државен секретар Марк Рубио…