БЕГ ќе ги враќа парите на граѓаните догодина
БЕГ следната година ќе има обврска да ги врати назад во буџетот сите пари кои сега за време на кризна состојба ќе ги добие.
Ова е само еден дел од договорот кој вчера го потпишаа Балкан Енерџи и ЕСМ, а со кој државните електрани, времено ќе го преземат управувањето со топлинската енергија. Без потпис од овластено лице од ЕСМ, БЕГ нема да може да носи одлуки и да врши исплати.
За сите средства кои БЕГ ќе ги добие од страна на државата ќе гарантира со меница, потпишана од основачот на компанијата. Инаку, 6 милиони евра кои државата ќе ги префрли на ЕСМ, ќе се употребуваат за набавка на гас за производство на топлинска енергија.
Но, колку вкупно пари ќе бидат потребни за да се покрие кризата, засега одговор од Владата нема. Се ќе зависи од тоа како ќе се движи цената на гасот на светските берзи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…
Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…
Мудис: Загрозена економската иднина на Израел
Војната со палестинската милитантна група Хамас го…
Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…
Отворањата на нови компании исто така бележат…
Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…
Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…