Без промени на состојбата на повредените кои се лекуваат во странство
Кај 69 повредени во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во странство, нема промена во здравствената состојба, споредено со претходните денови. Состојбата на критично болните останува непроменета. Во моментов во здравствените установи во Скопје се лекуваат 15 пациенти, а сите се во стабилна состојба.
Advertisements
Во меѓувреме, во Србија има 17 пациенти кои се во стабилна состојба и во рок од три недели се очекува пациентите да се вратат во земјата.
„Сакам да ве информирам за децата кои лежат кај нас, станува збор за 17. 4 од нив се префрлени во Ниш другите се во стабилна состојба не се на респиратори и се надеваме на најдоброто. Ние сме во фаза на трансплантација на кожа и верувам дека за две до три недели тие ќе се вратат, станува збор за пациенти од 18 до 26 години“, рече Мирјана Прибичевиќ, главен лекар во Клиничкиот центар во Србија.
„Во Виена имаше тројца пациенти, во Австрија имаше вкупно седум пациенти. Со нив сум била во директен контакт, бидејќи родителите сакале да бидат сами со своите деца, сум била во контакт со родителите. За кратко време од интензивна нега се вратија во нормалните одделенија, така што сè беше во ред“, рече претставник на Виенската болница.
Ана Тодорова, лекар од Бугарија, рече дека пациентите кои се лекуваат таму се во добра здравствена состојба.
„Имавме пациенти кои беа доведени во сериозна состојба имаме специјално одделение за изгореници кај нас имаше 7 пациенти, сите се во добра состојба, ваша делегација беше во посета во четвртокот и напредуваат добро“, вели Тодорова.
Претседателката на Здружението на медицински сестри Гордана Бешлиовска, која беше домаќин на лекари и медицински сестри од земјите од регионот и Европа, за да ја сподели својата благодарност за целата работа посветена на повредените пациенти од Кочани, рече дека овие случаи како што е трагедијата во Кочани ја истакнуваат потребата од медицински сестри, кои во овој период, и покрај отсуството на медицински сестри, работеле без никакви поплаки. Таа рече дека е потребно нивно унапредување во општеството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари
Трамп го најави T1 – новиот американски…
Во Струмица се одржува Државното првенство во…
Од вчера до 21 јуни во хотелот…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…