Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ

t

Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби 5 милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), за проверка на фактите во предизборниот период кои политичките кандидати ги изнесуваат за време на јавни настапи, гостувања во дебатни емисии, јавни дискусии и дебати, истражувања на јавно мислење, пр-објави или ветувања кои се повторуваат во речиси сите предизборни програми.

Според анализите на „Плусинфо“, ова е прва донација од АВМУ за истражувачко новинарство и за проверка на факти, како и прва донација на АВМУ на онлајн медиум. Трето, останува нејасно како од групата медиуми кои се профилираат и се декларираат како медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство е избрана токму ИРЛ и четврто, издавачот на медиумот за кој станува збор е невладина и непрофитна организација.

Во одговор на прашањата на „Плусинфо“ до Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата, дали станува збор за државни пари доделени врз основа на јавен повик или во друга транспарентна постапка која би овозможила и други медиуми да бараат донации, АВМУ вели:

Донацијата којашто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја додели на ИРЛ е во согласност со членовите 4,6,7, 9, 10 и 11 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности. Постапката за одлучување е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно одлуката ја донесе Советот на Агенцијата врз основа на предлогот на директорот.

Една од надлежностите на Агенцијата е да ја поттикнува слободата на изразување и да се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Во современите демократски општества неопходно е практикувањето на истражувачкото новинарство со истовремено почитување на новинарските принципи и стандарди. Овој новинарски пристап придонесува за одговорно и отчетно владеење како и за откривање информации кои државните и јавните институции, компаниите или одредени личности ги поседуваат, но не сакаат да ги споделат со јавноста, а се од јавен интерес, или пак со нивното откривање преовладува јавниот интерес.

Истражувачкото новинарство бара многу труд, време и ресурси и веројатно тоа се главните причини поради кои недостасува во македонскиот медиумски простор. Имајќи го ова предвид, во контекст на поттикнување на професионализмот и поголема застапеност на истражувачките стории, Агенцијата ја додели споменатата донација.

Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности точно го уредува давањето и примањето на донациите и во него не е предвидено објавување јавен повик или конкурс. Примателот на донацијата е обврзан да ги користи средствата исклучиво за намената за која е дадена донацијата, а нивната исплата се реализира откако ќе биде потврден јавниот интерес од страна на Министерството за правда“.

Целиот текст на „Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ го повикува МВР во најскоро време…

Во врска со случајот поврзан со новинарот…

Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра…

Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)…

АВМУ им дава 5 милиони денари на…

Во рамки на своите заложби обезбедивме донација…

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

АВМУ: Дебатите да не поттикнуваат нетрпеливост, уредниците…

Дебатите за политичко - општествените прашања треба…