Беким Сали за болните од цистична фиброза: Министерството не ги купува лековите
Министерот за здравство Беким Сали не кажа дали чувствува одговорност откако вчера почина пациентот Благојче Илиевски, чекајќи ја државата да му го набави лекот “трикафта“, но посочи дека министерството како институција не е виновно затоа што не ги купува лековите, туку го организира системот.
– Јас изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата за болни од цистична фиброза.
Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот. Ние навремемено побаравме поддршка од Владата и од министерството за финансии за да се набават лековите.
Се вршат измени на три закони со кои ќе се олесни набавката и увоз на тие лекови и тоа одзема време.
Со реорганизација во ФЗО кој има седница на Управниот одбор ќе се одлучи за допиолнителене буџет кој ќе се додели на педијатрија кој ќе биде потребњен за „трикафта“ за пациенти кои се во критична состојба. Осум се во критична состојба, а уште 22 се во фаза на средно-тешка состојба – рече Сали при посетата на болницата во Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…