Бектеши: Ако се исполни планот на ЕСМ нема да има рестрикции на струјата

t

Ако се исполни планот на производство на ЕСМ, што најверојатно ќе се исполни, веќе се направени сите договори и сите подготовки, јас сум убеден дека не би требало да има рестрикции. Само ќе го дадам одговорот од минатата година, кога сите истакнуваа дека нема да има парно, нема да има електрична енергија – ништо не се случи и моментално Македонија за доброто на сите продава вишоци, наместо да направи дополнителни трошоци. Србија дневно купува по три милиони евра електрична енергија, Албанија купува над 2,5 милиони евра, со Косово ја знаете ситуацијата, истото се случува во Грција, рече вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши појасни дека ние ноќните вишоци ги продаваме и не увезуваме ниту еден киловат електрична енергија за потребите на регулиран пазар.

-Тоа значи дека количините се обезбедуваат директно од ЕСМ за потребите на домаќинствата и претпријатијата. Истото ќе се случува и наредната година, додаде Бектеши во емисијата „24 анализа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…