Бектеши: Бесими е најдобар министер за финансии што државата некогаш го имала – Задолжувањето од 600 милиони евра е планирано во Буџетот

t

Во гостување во Дневникот на Сител, министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека ќе има кратење на непродуктивните трошоци во институциите.

На прашање дали имаме пари за финансирање на овој пакет од 400 милиони евра за 26 антикризни мерки, Бектеши одговори:

“Министерот за финансии е еден од најдобрите министри што сме го имале во државата и во делот на управување со јавните финансии и во делот на менаџирање на кризите. И во време на пандемијата и енергетската криза и сега кризата во Украина тоа го покажаа, колку што сме разговарале ќе има кратење во непродуктивните трошоци.

Кратењето е почнато, беше доставено писмо од Владата до сите институции да ги скратат трошоците. Таму каде што ќе се утврди дека нема можност проектите да се реализираат до крајот на годината ќе има кратење секако.

Задолжувањето од 600 милиони евра е предвидено во Буџетот, тоа е редовно задолжување.

Може да има ребаланс да се пренаменат средства според потребите.

Владата кратеше трошоци и порано, дури и повеќе од сега. “- вели Бектеши на прашање дали не е доцна за ваква одлука и би можело тоа да се направи уште пред две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Нема „Мој ДДВ“ додека не се изгласа…

Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот,…

Бранимир Јовановиќ: Со новите задолжување ќе треба…

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот…

Битиќи: Најавеното задолжување од Мицкоски ќе го…

„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг…

Бајден го потпиша договорот за буџетот: 1200…

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон…