Бектеши вели: Годинашното производство на пченица ќе задоволи околу 80% од потребите
Годинашното производство на пченица е околу 250.000 тони, со што ќе задоволиме 80 отсто од потребите, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши не очекува проблеми со увоз на жито, ниту пак со другите прехранбени производи.
Во понеделник и во вторник имаме работни состаноци во Тирана. Сакаме земјите од Отворен Балкан заеднички да ги решаваат проблемите со храна и со електрична енергија. Секоја земја ќе споделува податоци, било да е за земјоделските производи, или за електрична енергија. Тоа значи дека иако сега имаме забрана за извоз на пченица и брашно, доколку можеме, ако некоја друга земја од Отворен Балкан има потреба, ќе и извеземе. Исто така, ќе биде и за електричната енергија. Податоците ќе се ажурираат на неделна основа – објасни Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…