Бектеши во официјална посета на Вашингтон
Министерот за економија, Крешник Бектеши од денеска престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД.
Во рамки на посетата министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“.
Бектеши ќе се и обрати на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан на кои ќе им ги презентира економските и енергетските потенцијали на земјата.
Во рамки на посетата Бектеши ќе оствари и билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат, како и други високи претставници во Стејт Департментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз…
Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи…
Мицкоски од Вашингтон: Регионот наместо со минатото,…
Регионот да се занимава со иднината, не…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…