Бектеши го поддржа Груби: Семејството е пред сè
Членот на ДУИ и екс-министер Крешник Бектеши ја поздрави одлуката на неговиот сопартиец Артан Груби да се повлече од јавниот живот.
„Оние што го познаваат Артан добро знаат дека тој одлучува од општ интерес, а не од личен. Така е и оваа храбра одлука, каде семејството е пред сè. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки. И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, напиша Бектеши.
Груби доцна синоќа објави дека донел одлука за повлекување од јавниот живот и дека за оваа одлука веќе го известил лидерот на партијата Али Ахмети. Порача дека „пред Бога, семејството и пријателите е чист како солза“.
Ваквата одлука на Груби доаѓа откако тој беше ставен на црната листа на САД. Вчера Јавното обвинителство соопшти дека отворило случај против него и судијата од Апелација, Енвер Беџетин кој исто така е на црната листа на САД со санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…