Бектеши денеска во работна посета на Брисел

t

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во работна посета на Брисел, каде ќе се обрати на првиот билатерален состанок со Европската Унија од Кластер 2 за внатрешен пазар.

Како што информира Министерството за економија, билтералниот состанок што ќе се одржи денеска се однесува за Поглaвјето 3 – „Право на основање и слобода на давање на услуги”, за кое координатор е Министерството за економија.

Во овој клстер, како што се наведува, се и Поглавјата – „Слободно движење на стоки”, „Интелектуална сопственост”, „Заштита на конкуренција”.

Во рамки на посетата, како што е најавено, министерот Бектеши ќе оствари средба со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија Кадри Симсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Гир: Брисел нема волја за менување на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир очекува имплементирање на сите…

Вучиќ и Курти на нова рунда дијалог…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер…

„Стоп за миграцијата, стоп за војната, стоп…

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека…

Две пиротехнички гранати биле фрлени врз израелската…

Рано утринава две пиротехнички гранати биле фрлени…