Бектеши и двајца други обвинети преку адвокат бараат ревидирање на обвинението за „Пулс“ за да бидат тргнати од него
Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, службеникот Зоран Николовски и ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути поднесе иницијатива за ревидирање на обвинителниот акт за случајот „Пулс“, со барање тие да бидат ослободени од обвинение поради, како што наведуваат, отсуство на вина.
Адвокатот Еленко Миланов побара од в.д. обвинителката Анита Топалова-Исајловска да свика колегиум во рамки на Обвинителството и да се разгледа поднесеното обвинение, по што ќе донесат одлука овие обвинети да бидат ослободени заедно со сите кои немале директна причинско-последична врска или пак овластување кобната ноќ.
„Иницијативата е за еднаква примена на законите, исто така и согласно начелото за економичност на постапката за да истата може да заврши ефектно во однос на лица за кои евентуално може да има причинско последична врска со самиот кривично правен настан, а со избегнување на обемност со лица за кои таквата причинско последична врска со настанот не постои, истовремено со отсуство на дејствија на сторување или не сторување поврзани со делото“, стои во дописот кој го објави ТВ24.
Барањето е поднесено по обвинението и обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таму се водат одвоени постапки зависно од сторените дела на полицајците. Меѓудругото, се гонат и полицајци кои доставиле невистинити податоци за исполнетост на услови до Министерството за економија.
Обвинетите преку адвокатот бараат да одговараат само тие кои имале директни дејствија или овластувања во време на пожарот, а не сите кои со години придонесувале во тоа „Пулс“ да работи без проблеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши и двајца други обвинети преку адвокат…
Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник…
Бил Клинтон денеска сведочи зад затворени врати:…
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денес треба…
Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била…
На 26.02.2026 во 18:30 часот во СВР…
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Мицкоски: Имам доверливи информации зошто Груби не…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на…