Бектеши: Мислам дека струјата нема да поскапи – Можно е намалување на цените на производите
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира[e дека во формулација на финална цена на одреден производ има многу импути, а еден од нив е електричната енергија.
-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки согласно за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање, по работната средба со претставници од прехранбената индустрија.
-Ние како држава се грижиме за оваа криза да не биде на грбот на граѓаните. Секако дека се обезбедени средствата, ќе имаме поддршка и од страна на Европската комисија. Ова е само почеток на донесување на вакви мерки, ќе следуваат и уште многу мерки, со цел да ја ублажиме кризата и за заштита на стандардот на потрошувачите, додаде министерот пред новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…