Бектеши најави намалување на сметките за струја за 7.500 домаќинства со ниски примања, кои не се приматели на помош
Најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. Ова го предвидува владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, донесена на денешната седница на Владата, информирашe денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
За програмата се предвидени 60 милиони денари или околу еден милион евра и според проценките треба да бидат опфатени околу 7.500 домаќинства во времетраење од 12 месеци.
Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.
Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинства со четири члена и за домаќинства со пет члена или повеќе члена се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесувањето на барањето, појасни министерот Бектеши.
По десет отсто од вкупните средства ќе бидат наменети за првата, втората и третатата категроија, 50 проценти за четвртата категорија и 20 отсто за петата категорија.
За реализација на програмата Министерството за економија следниот месец или на почетокот на наредната година ќе распише јавен оглас, а доделувањето на финансиската поддршка, што ќе се врши по принципот на најниски примања во домаќинства во 2021 година во секоја од категориите, се до исцрпување на предвидените средства, изјави Бектеши.
Податоците од решенијата, Министерството за економија, во електронска форма ќе ги доставува до универзалниот снабдувач со електрична енергија на месечена основа за сите корисници на финансиската поддршка и врз основа на овие податоци, универзалниот снабдувач ќе доставува сметки за електрична енергија со намален износ како што е утврдено во решенијата на секој корисник.
Во однос на состојбите на пазарот на електричната енергија, Бектеши информираше, дека во моментот има доволно обезбедени количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока.
За месец јануари се планира да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, значи од 10 јануари 2022 година. Истовремено се планира вториот блок во ТЕЦ Неготино или вториот котел да стартува на 15 јануари 2022 година. Со тоа, според најновиот биланс на АД ЕСМ, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство односно без никаков увоз во месец јануари, изјави Бектеши, изразиувајќи уверување дека рестрикции на електрична енергија нема да има во Македонија.
Во однос на цената на електрична енергија која ја објави РЕК денеска, Бектеши, нагласи дека сетот на мерки што ги презема Владата за справување со предизвиците предизвикани од нарушувањата на пазарите на електрична енергија придонесуваат да се обезбедат услови за континуирано снабдување со електрична енергија и цената на електрична енергија на универзалниот снабдувач на ЕВН хом за домаќинствата и малите потрошувачи да биде покачена не повеќе од 10 отсто, односно 9,48 проценти согласно одлуката на РКЕ.
Прашан зошто оваа мерка е толку ограничувачка, Бектеши рече дека ова е мерка само за домаќинствата кои имаат ниски приходи, додека Министерството за труд и социјална политика веќе спроведува мерка со која 36 илјади домаќинства и девет илјади пензионери со ниски приходи веќе 12 месеци добиваат по илјада денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…