Бектеши: Некои трговци вештачки ги зголемиле цените и до 70%
До крајот на неделата во координација со коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени, најави вчера во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 министерот за економија Крешник Бектеши, откако по престанокот на претходните антикризни мерки (замрзнати маржи и намалено ДДВ) цените на одредени производи енормно се зголемија.
Според министерот, одредени трговци, кои имаат монопол на пазарот за одредени производи, драстично и вештачки ги зголемиле, некои за 50, но и до 70 отсто.
„Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестенините и на некои други производи. Кај маслото за јадење и други производи вратен е само процентот од делот на ДДВ. Ќе донесеме заклучок за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компании кои вештачки ги зголемиле цените над 50 отсто па дури и до 70 отсто со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот“, кажа Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Казни од 800 до 10.000 евра за…
Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…