Бектеши откри: Се замрзнува цената на краставиците, бананите, пиперот

t

Министерството за економија соопшти дека утре ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, при тоа откривајќи дека се работи за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

Анализите на податоците за овие производи се завршени, а минситерот за економија Крешник Бектеши најави дека листата може да биде проширена.

„Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи! Се грижиме ЗАЕДНО!“, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Останува утре да се види која ќе биде максималната цена за овие производи и од кога ќе започне да важи одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…

Ова се новите цени на горивата од…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…