Бектеши се закани: Ако рудниците не работат ќе им се одземе концесијата!
Министерот за економија Крешник Бектеши им се закани на оние рудници и комбинати, кои под оправдување за енормно скапа струја го прекинаа своето производство, дека ќе им биде одземена концесијата за работа.
Министерот во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 алудираше на рудникот Бучим, кој го прекина своето работење.
– Бучим има исти трошоци како и Саса. Зошто не затвори Саса? Рудниците треба да знаат дека го користат јавното добро на граѓаните како концесија и дека истата може да им биде одземена доколку не работат, рече Бектеши.
Истовремено и Еуроникел (Фени Индустри) не работи поради скапата електрична енергија, а Бектеши вели дека овој капацитет калкулира и чека времиња кога на берзата фероникелот ќе добие висока цена.
Бектеши додаде дека државата нема да им помага на субјекти на слободниот пазар на електрична енергија кои имаат голема акумулирана добивка како што се банките, туку само на компании кои имаат реални трошоци и е загрозен нивниот опстанок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…
Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…
Груевски објасни: Дадена е концесија за истражување,…
Поранешниот премиер Груевски на Фејсбук ги објасни…
Бектеши се закани: Ако рудниците не работат…
Министерот за економија Крешник Бектеши им се…