Бектеши смирува: Се преговара со сите соседни земји за набавка на струја – Цените ќе бидат под берзанските

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостување на Сител телевизија истакна дека надлежите преговараат со сите соседни земји за набавка на најефтина струја за зимава.

– Преговараме со сите соседни земји кои имаат вишок на производство на електрична енергија. Сакаме да соработуваме со сите соседи, а со некои веќе имаме договорени соработки. Не можам да навлегувам сега во детали што се е договорено, но правиме напори да обезбедиме поевтина електрична енергија за стопанството, кажа Крешник Бектеши.

Бектеши нагласи дека со Бугарија се преговара за цени кои се под берзанските.

– „Со Бугарија не се преговара за цени кои се на слободен пазар, туку за цените кои ги бара стопанството. Барањата на стопанството е цените да бидат од 150 до 200 евра, односно дупло пониски цени од она што е на берзата. Ние бараме таква цена на електрична енергија, и имаме понуди, но не се по таа цена што ја бара бизнисот. Стопанството бара директа субвенција од државата на 10 најголеми потрошувачи на струја, тоа се околу 20 милиони евра директни субвенции што не е логично и неможе да се даде од страна на државата пред се поради фактот што сите средства во буџетот се средства на граѓаните,  а нас приоритет ни се домаќинствата и микро, малите и средните компании“ кажа министерот.

Министерот кажа дека 2487 правни субјекти немаат договор за снабдување со електрична енергија. Ако паметите од почетокот на годинава, секогаш сме повикувале да склучуваат договори. Од тие, 60 се во надлежност на локалната власт. Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач

„Согласно Законот, ако немаат склучено договор со снабдувач, ако денешната цена е 400 евра, тогаш субјектите без снабдувач плаќаат 600 евра бидејќи се на краен снабдувач. Тоа значи дека го оштетуваат Буџетот Ако денеска ми се укинува договорот со снабдување на електричка енергија, ќе плаќам поголема цена. Никаква постапка не вршеле. Според мене и ова е злоупотреба на Буџетот, рече Бектеши и кажа дека се разгледуваат опции да се помогне на училиштата пред се на основните и средните се со цел да не се наштети на образовниот процес“ кажа министерот.

Во однос на стравувањата на скопјани за снабдување со топлинска енергија министерот кажа дека тоа нема да се случи.

„ Убеден сум дека ќе имаме договор за пониски цени на гас, а со тоа и пониска цена на парно, се со цел да не даваме субвенции каде што нема потреба, прецизира министерот.

За вчерашната посетата на Турција министерот кажа дека имале продуктивни разговори со турските колеги и покажале интерес да излезат во пресрет на нашите барања.

„Продолжуваме со координација на сите институции и соработка со нашите соседи за пренос на електрична енергија преку Грција и Бугарија со користење на прекуграничните капацитети, со оглед на тоа што ние не граничиме со Турција. Имаат поповолни цени на електрична енергија од оние кои се на слободниот пазар, но се повисоки од барањата на нашето стопанство, а ние во моментов бараме поевтина струја“ кажа министерот Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

Казни од 800 до 10.000 евра за…

Министерот за економија Крешник Бектеши апелира сите…

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…